Коментари

Боки 13 за кредитот на Камчев: Русковска да не е кокредитобарател, освен што му е жирант и гарант?

Дали јавноста ќе биде позадоволна ако добијат 5 или 10 години казна затвор и државата да не може да ги наплати парите или да поминат со помали казни а државата да ги наплати парите. Јас мислам дека поважно на државата ќе и биде да ги наплати парите, а да има помали казни“ изјави вечерва Русковска во нејзиниот обид да ја оправда КРИМИНАЛНАТА СПОГОДБА СО КАМЧЕВ, вели Бојан Јовановски во својата објава на социјалните мрежи.

„Тоа е онаа истата Русковска која без ниеден доказ за случајот Рекет и Меѓународен сојуз бараше максимални казни затвор !!!!
Се извинувам, имам прашење кое ме мачи, дали Русковска со погоре цитираната несреќна изјава е сеуште обвинител или од вечерва и официјално е адвокат на Камчев?

Вечерва Русковска така насмеана и среќна ни кажа дека нејзиниот властодавател Камчев подигнал кредит, па да прашам покрај тоа што е негов жирант и гарант да не е случајно и кокредитобарател и кој од нив ќе ги плаќа ратите за кредитот???

Ратите за тој милионски “кредит” однапред ги имаат платено граѓаните на оваа држава, е така да си знаете!!!

Денеска на виделина излезе пактот на Камчев со Русковска и останатите “заинтересирани”

Меѓудругото, вечерва Русковска призна како е Рашковски пуштен од притвор да се брани на слобода…. па чисто да ја потсетам на член 353 од КЗ !!!
Ова не беше историска спогодба, ова е историски државен и правосуден срам !!!
До конечна правда!!!
Рекет е паднат“, вели Јовановски.

На почеток