Синот и адвокат на Катица Јанева по спогодбата за “Империја”: Од денеска нема да ја бараме Луј Витон чантата!
Злосторничко здружување од член 394 ст.1 од КЗ – (казна затвор 1-5 години), вели синот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Лазар Јанев
„Продолжено кривично дело Оштетување или повластување на доверители од член 257 ст.3 вв ст 2 од КЗ (казна затвор од 1-10 години)
Продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 од КЗ (казна затвор од 1 -10 години)
Измама од член 247 ст.4 вв ст.1 од КЗ (казна затвор 1-10 години)
Продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст 5 од КЗ (најмалку 5 години затвор)
Овие се кривичните дела кои му се ставаат на товар на најголемиот плаќач на даноци!
Овие се кривичните дела за кои се склучена (прифатена/одобрена) спогодба за казна затвор од 1 година!
Да не се замајува јавноста со 5 милиони евра! Биле платени пред спогодбата! Па знаеме дека се платени пред спогодбата. Еве од денеска нема да ја бараме чантата Луи Витон!
Биле легални 5-тте милиони евра, за нив бил земен кредит! Не се проблем парите уплатени во буџетот па да прашуваме дали се од кредит. Проблем е како и од каде ќе биде вратен овој кредит! Кое е покритието на овие средства и да не случајно му текне на некој да го опрости кредитот..
На која ли „гарнитура“ се потпирале обвинителиве !?!
„Во наше време“ ние најпрво ги дознавме одлуките од медиумите, овдека ручекот ќе загорел од средата а никој не дознал и не бил известен“, додава тој.