Македонија

(Видео) Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкции

Осудената Катица Јанева, која беше специјална јавна обвинителка, во поткастот „Претрес со Ландов“ тврди дека никој не дошол да провери дали е таа во канцеларијата каде била работно ангажирана. Посочи дека никогаш не ги крши правилата и побара втора шанса доколку згрешила. Објасни дека нема број каде да се јави доколку има нејаснотии во однос на тоа дали смее да ја напушти канцеларијата или не, што во случај кога би и било лошо и не може да ја напушти ќелијата. Таа рече: „Јас се извинувам многу за недоразбирањето. Мислам дека ова ќе го надминеме на нормален начин“.

„Никој не дојде, никој не нѐ побарал. За шест месеци, никој. Не знаеме дали има правилник и можност да се напушти канцеларијата. Дали имаме право да излеземе, јас пример сум пушач, колку метри смеам да се движам.. Дали внатре смеам да пушам..“, рече Јанева.

Таа објасни и случај кога и се слошило на портите од затворот. Другиот ден не знаела дали смее да остане во ќелијата, а немала ни каде да праша.

„Јас не се чувствував добро. Нема број за да ти ги кажат правилата. Ако не излезеш, зошто не си излегла.. И така се случи, јас отидов, кажав на син ми дека не можам да седам. Не е едноставно, мора да се изрегулираат сите правила. Животот се среди. Навиките, вештините. Не се работи само за криминалци.. Можат да работат.. Малку треба да има рамка, бар за мене. Јас тоа го очекував да им го кажеме кога ќе дојдат во просториите каде бевме. Никој не дојде“, додаде Јанева.

Целиот разговор со Јанева:

На почеток