Македонија

(Видео) Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум, можам да бидам вклучена во пробацискиот систем

Катица Јанева, осудена во „Рекет“ и ексспецијална јавна обвинителка, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни дека себеси се гледа како слободна иако издржува затворска казна. Кажа дека лани користела одмор, викенди..

„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум… Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.

Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.

„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари..“.

To Top