Македонија

(Видео) Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија

Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која издржува затворска казна за случајот „Рекет“ честиташе победа на ВМРО-ДПМНЕ и упати апел за колективна амнестија. Таа ги пофали и измените на Кривичниот законик, со кој, голем дел и од предметите на СЈО, застареа. Посочи дека кај нејзе има надеж дека Владата на Мицкоски ќе биде носител на промените.

„Мислам дека сите колешки, моментални затворенички ќе ме благословуваат. И честитаме на новата Влада, 600 илјади гласа се цела Македонија. Се надеваме ќе бидат носител на промените. Ние се надеваме дека ќе биде тоа колективна амнестија, за да ни се скратат некои маки“, рече Јанева.

Прашана дали има правда во Македониај, посочи дека има..

„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.

На почеток