Македонија

(Видео) Јанева: Кога би кажала сѐ, морам да бидам надвор и психолошки да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам

Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева во првото појавување откако е во затвор, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни како ги поминува деновите во затвор, што највеќе ја боли, но и кога ќе прозбори за сето она што се шпекулира во јавноста.

„Црната кампања е најтешка. Сликите кои ги објавуваат ме разочаруваат бидеќи сега сум 40 кила послаба, и се разочарувам од себе. Се вадат од контекст некои работи..“, рече Јанева.

Прашана дали ќе дојде ден кога Катица ќе каже сѐ, таа во „Претрес со Ландов“ објасни: „СЈО има договор за доверливост, рокот не е поминат. Јас сум човек од збор, што ги почитува се уште институциите и затоа многу луѓе ми пристапуваат и бараат да кажат нешто или наметнуваат некои работи. Јас се оградувам се што е кажано досега. И кога би кажала се, морам да бидам надвор, морам психолошки да се спремам. Тука психолошкиот момент е друг, морам да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам. И тогаш ќе одлучам што понатаму“

На почеток