Реакции за „Империја“: „Се спогоди Камчев, наместо да го врати краденото од 5 миљарди, да плати само 5 милиони“


Спогодбата на бизнисменот Орце Камчев со обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Империја“ наиде на реакции и критики во јавноста. На социјалната мрежа „Твитер“, чекорот да се прифати Камчев да плати 5.3 милиони евра на државата и да оди една година во затвор, не наиде на поддршка.
Пренесуваме дел од првите реакции откако Обвинителството потврди дека има спогодба:
Орце не е криминалец, Орце е поддржувач на државниот буџет.
— Невреме (@nevremeto) April 29, 2022
Геро што кажа за признавањево на Орце?
— Гласна. (@Bosonogata) April 29, 2022
Моментот кога Орце Камчев ќе помине носен на раце под Триумфалната капија од страна на влијателни твитер ботови.Какво жално време дојде.
— АЈЕРДНА (@Go4bed) April 29, 2022
И Камчев во Струга ќе биде ко Кичеец или заврши отслужи се?
— Jas (@BrlaBrla) April 29, 2022
Се спогоди Камчев, наместо да го врати краденото од 5 миљарди, да плати само 5 миљони.
— Син му на Мајсторот (@Na_Majstorot) April 29, 2022
Геро не успеа ни камчев да го убеди дека не е крив
— Astérix (@SendvicSoVegeta) April 29, 2022
Камчев платил 5.5. мил евра, олеснително според Русковска е дека парите биле на кредит. Значи види он колку е жртва и поштен, неоправдано е осуден чак
— Бахчов (@Bavcov) April 29, 2022
Камчев им се помоча на докторите и пријателите кои се потпишуваа за него. Го призна криминалот во Империја, покрај затворската казна од една година, Камчев уплатил и 5,1 милиони евра на државниот буџет, преку УЈП.
— V!DanaDsg 🌻 (@VidanaDeSign) April 29, 2022
Ќе сака некој ко на глупа да ми го објасни ова со Камчев? Фала ногу.
— Аритмија (@snowgirly2) April 29, 2022
Камчев се спогоди.
На Саша му е редот… 😎— Aleksandar Dinevski (@AleksandarDine7) April 29, 2022
Бизнисменот Орце Камчев се спогоди за случајот „Империја“. Обвинението ќе биде повлечено и за неговата сестра Кристина Камчева – Стојчевска, како и за мајка му Ратка Куноска – Камчева. „А1он“ од судски извори дознава дека Камчев во државниот буџет веќе исплатил 5,3 милиони евра. Со судската спогодба, тој се согласил да добие една година затвор, со што, случајот за него ќе биде целосно запрен.
