Актуелно

Боки 13 гневен по спогодбата на Камчев за „Империја“: Се потврди зошто сме осудени со Катица, нека каже Русковска каде е „Луј витон“ чантата!

Бојан Јовановски-Боки 13 излезе со јавна реакција откако Обвинителството обзнани дека бизнисменот Орце Камчев се спогодил за случајот со „Империја“. Тој вели дека токму поради спогодба која никогаш не се случила за истиот случај, тој и Катица Јанева се осудени за „Рекет“.

„Браво, алал вера!!! Е тоа е кога ти е жирант Вилма Русковска!!! Од денеска е се јасно како бел ден!!! ВНИМАНИЕ : Токму за спогодба која никогаш не се случила се до денеска и олеснување на позицијата на Камчев како обвинет во Империја која никогаш не била олеснета се до денеска, ние сме осудени за случајот Рекет!!! Оваа веќе верифицирана спогодба аминувана од Русковска, Јовевски, Стефанова и Основниот кривичен суд, е доказ за пазарењето на Камчев за спас од сите негови криминали. Денеска се потврди зошто е направен и конструиран предметот Рекет и зошто сме ние осудени!!! Камчев како првоосомничен во Империја се теретеше за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

За оштета на државата од мулти-милионска вредност, каде запретената казна затвор е до 20 години, а доби 1 година затвор (као демек, бидејќи после ќе добие амнестија и нема да лежи ни еден ден) и решил “бизнисменот” во договор со жирантот Русковска да врати само еден мал дел од украдените пари во износ од 5 милиони, а јас без НИЕДНО ЕВРО ОШТЕТА КОН ДРЖАВАТА И БЕЗ НИЕДЕН ДОКАЗ ЗА БИЛО КАКВО СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО, осуден сум на 18 години затвор!!! БРАВО МАЈСТОРИ НА “ПРАВДАТА”, АЛАЛ ВЕРА!!! И СЕГА НА КРАЈ, ЕВЕ ЈАС ЈА ПРАШУВАМ РУСКОВСКА, КАДЕ Е ФАМОЗНАТА ЛУЈ ВИТОН ЧАНТА ??? И уште еден предлог да влеземе во домовите на Русковска, Стефанова и Јовевски може ќе најдеме некоја гарнитура, нова и модерна ! После оваа бесконечна брука, бескомпромисно барам ново фер судење за (денеска докажано) конструираниот предмет Рекет До конечна правда !!! Рекет е паднат !!!“, напиша Јовановски.

На почеток