Боки 13 испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот, вели Божиновски


Со нов извештај од лекарски преглед, правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека алармантно му е влошена здравствената состојба на осудениот. Тие преку соопштение за јавноста прашуваат и на кого му одговара влошеното здравје да резултира со смртни последици. Потенцираат дека Јовановски-Боки 13 не е третиран според насоките на докторите во затворот „Идризово“. Според правниот тим, предлогот е Јовановски-Боки 13 да биде опериран и да му се извади желудникот. Извештајот на Јовановски од направена гастроскопија е од државната Клиника „Мајка Тереза“.
Во врска со оваа тема на социјалните мрежи се огласи Божидар Божиовски кој вели дека доколку неговиот живот е во ризик, мора да се реагира.
„Според адвокатите на Боки 13 тој е во животнозагрозувачка состојба и му е потребна итна операција. Може за боки да имате какво и да сакате мислење, сепак, ако му е животот во ризик мора да се реагира.
Затворите служат за ресоцијализација на затворениците не за нивно убивање. Не само тој туку и сите затвореници кои живеат во тие нехумани услови.
И на крај тој испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот. Кукаа, бегаа, бараа финти да не легнат. Некои се демек хуманитарци, други аналитичари, трети во влада“, вели Божиновски.
