Создадовме општества непогодни за живот, фрливме семе од кое никнуваат трагедиии, болка, смрт, вели Божиновски
Божидар Божиновски објави статус на социјалните мрежи ов ворска со убиството во Белград.
„Белград, прерано зима ја пресече пролетта на 8 деца… Родителите ја доживеаа најголемата болка која може чоевк да ја доживее, да треба да ги закопаат нивните чеда, на монструозен начин сопрени меѓу детство и зрелост.
Создадовме општества непогодни за живот, фрливме семе од кое никнуваат трагедиии, болка, смрт. Најлошите станаа примери, работниците ги осиромашивме па децата мораше да им ги одгледува интернетот дур се бореа да ги прехранат, криминалците станаа идоли. Дозволивме да го извадат најлошото од сите нас и во таква тиња секогаш сме изненадени кога ќе се случат трагедии. Трагедија е што за идните генерации оставивме ваков свет.
Нека им е светол патот на децата, а родитеителите, за нив не верувам дека има нешто што би ги утешило“, вели Божиновски.