Коментар на денот: Државата, системот, моќници или кои и да е се решени да го убијат Боки 13
Божидар Божиновски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека државата, системот или моќниците се решени да го убијат Боки 13.
„Државата, системот, моќници или кои и да е се решени да го убијат Боки 13. Пак ќе речам, какво и да имате мислење за него – направил криминал и лежи за истиот.
За разлика од некои шо глумат хуманитарци или политичари за доброто на народот со поголеми гревови од него се на слобода и добиваат поддршка од разна цревна флора. Затворениците, а со тоа и Боки имаат право на лекување и терапија (која не му било дозволено да ја прима), затворот не треба да е смртна казна туку место за ресоцијализација после која осудениците ќе можат да се вратат во општеството“, вели Божиновски.
Пред само неколку дена Бојан Јовановски итно беше задржан на болничко лекување. Состојбата на Боки 13 се влошила поради тоа што затвореникот во „Идризово“ не добивал терапија и третман за лекување.