„Триглицеридите плафон му се на Таче“, загриженост за премиерот кој секој ден јаде брза храна и се слика
Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на РЕК Битола, објави вчера на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
Тој им се заблагодари на вработените во кујната на РЕК Битола за гостопримството и честа да појадува во нивната кујна.
Пред една недела, Ковачевски објави фотографии од позната битолска сендвичара кае јадеше тост.
За граѓаните ова е само лош ПР на премиерот, па се пошегуваа дека триглицеридите му се до плафон оти постојано го носат во сендвичари, бурекџилници и кебапчилници.
и Таче ќе отидеше со нив ама во Цапари немало сендвичара
— deleted account (@deleted90808465) November 5, 2022
Препишват застарени финти од странски држави
— Тетка му Божана (@MuTetka) November 5, 2022
Не кажувајте!
Таче ќе ја изеде!!
🤣🤣🤣— Ѓерасим (@Gerasim_mk) November 5, 2022
Таче, додека не седнеш на гајба пред кооперација да јадеш салама со вегета и да пиеш пиво, ова со тостовите и сендвичот со мортадела не ти поминува!!! pic.twitter.com/gmmuuML8Ma
— Жена За Сва Времена (@zena_sva) November 5, 2022
Да ми је знати кој лудаци му се пиаровци,абе го отепаа од шетање по сендвичари и бурекџилници🤣
— ПандоринаКутија (@pandorabox97) November 6, 2022
Кај и да е овие дена,чекај денес му ја јадеше мортаделата на рударите во РЕК🤣
— ПандоринаКутија (@pandorabox97) November 6, 2022