Свет

Украина: Соборивме руски ракети над Лавов

Утрово се слушнале експлозии во Лавов, град во западна Украина.

Гувернерот на воената управа на западна Украина, Максим Козицки, соопшти дека украинската воздушна одбрана ги соборила руските проектили кои утринава беа истрелани кон Лавов.

„Утрото на 16 април руските окупатори истрелаа проектили од авион Су-35 кон регионот Лавов. Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија четири крстосувачки ракети“, рече Козицки на телеграм.

Козицки објави и дека руски авион кој испука проектили полетал од аеродромот Барановичи во соседна Белорусија.

На почеток