Мицкоски упорен за предвремени избори, а нервозен за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека доаѓа ден кога ќе го ослободи судството и обвинителството. Посочи дека неговата партија ќе работи на нови парламентарни избори, затоа што тоа и треба на Македонија, а со оглед, како што кажа, дека тешко се живеее.
„Јас повеќе би сакал да коментирам зошто четири дена го држат замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, не можеме да располагаме, да го отуѓуваме, до скоро имавме замрзната сметка. Знаеме за какво судство и обвинителство имаме. И по налог на луѓето од власта, тие вештачки го држат замрзнат имотот на најголемата политичка партија. По четири години никој не се најде од таму за сходно да престане оваа политичка хајка против оваа политичка партија“, рече Мицкоски.
Тој им порача на СДСМ да ја согледаат јавноста.
„Ние ќе превземеме чекори во иднина кои се надевам дека ќе ја вразумат оваа влада. Ќе ја ослободат државата. Тоа и треба на Македонија за да тргне од почеток. Има многу работи кои лошо функционираат“, кажа Мицкоски.
