„Најкраткиот пат до мирот е испораката на оружје на Украина“, вели Порошенко
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/02/uploads_thumbs_resize_800x420_518181.jpg)
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко апелираше до меѓународната заедница да и обезбеди повеќе оружје на неговата земја и да продолжи со санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Најкраткиот пат до мирот е испораката на оружје на Украина. Јас и кажувам на меѓународната заедница дека ни требаат три работи: оружје, оружје, оружје“, изјави Порошенко за „Ал Џезира“.
Поранешниот лидер, исто така, ја повика меѓународната заедница да продолжи да воведува санкции кон Русија, да воведе ембарго на производите на земјата и да го затвори украинскиот воздушен простор за да ги заштити цивилите.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)