Менување на учебници, Бугарите во Уставот и други услови, па Македонија ќе преговара со ЕУ, укажа Јотова


Укажувањата дека војната која се води во Украина може да се прелее на Балканот, не ја вознемирува бугарската потпретседателка Илиана Јотова. Таа смета дека тоа нема никаква поврзаност со членството на Македонија во ЕУ, што пак, според европските и домашните политичари треба да е гаранција за мир.
„Не правам поврзување помеѓу едното и другото. Има голема разлика. Ние сме дел од ЕУ таму ги кажуваме нашите позиции. За РС Македонија не знам зошто се прави таква поврзаност. Тука станува збор за исполнување на критериуми за членство на РС Македонија во ЕУ. Тие се напишани, тоа е процедура“, вели Јотова.
Според неа, нема да е доволно само Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, туку ќе треба да се променат и ученибиците.
