Аналитичар: Русите не сакаат метар по метар да ја чистат челичарницата во Мариупол, тоа е ужас
УКРАИНСКИТЕ сили кои ја бранат огромната фабрика за челик Азовстал во опколениот и разурнат Мариупол би можеле да издржат долго време користејќи герилски тактики, утврдени позиции и тунели, изјави за Би-Би-Си воениот аналитичар Џастин Крамп.
Крамп, кој работи за Сибилин, консултантска фирма за безбедност, рече дека украинските сили се „многу подготвени за одбрана“, додавајќи дека имаат повеќе од 50 дена да ги утврдат своите позиции и да ги подготват патиштата за бегство.
„Ако не ги уништат, мислам дека би можеле да издржат таму долго време. Ноќе, тие би можеле да излезат во герилски напади и потоа да се вратат“, рече Крамп.
Тој проценува дека Азовстал го бранат уште околу 800 борци. Тие се предводени од војници на Азов, полк поврзан со екстремната десница, а Русите го сметаат за „неонацист“.
„Овие војници не сакаат да бидат заробени, не верувам дека ќе се предадат. А Русите не сакаат да влезат внатре и да ја чистат челичарницата метар по метар во тунелите, тоа е страшно“, рече тој.
Тој наведува дека Украина преку крајно ризични ноќни мисии успеала да ги снабди борците на Азовстал со залихи, оружје и муниција.
Челичарницата Азовстал е клучна индустриска фабрика во регионот и ако Русите ја добијат, можеби Кина би можела да им помогне да ја вратат во функција бидејќи на Кинезите им треба челик, рече Крамп, додавајќи дека обновата на разурнатиот Мариупол ќе трае со години.