Свет

(ВИДЕО) „Руските војници сакаат да го уништат Донбас“, вели Зеленски

Руските трупи се подготвуваат за офанзивна операција на исток – во блиска иднина. Сакаат да го завршат и уништат Донбас, рече Зеленски во вечерашното обраќање.

„Педесет и третиот ден од војната заврши – 53 дена чекаме одговори на некои точки во нашите барања за оружје. Според некои, испораките би можеле да започнат дури во мај“, рече тој.

Тој додаде дека секое одолговлекување на оружјето кое треба да пристигне и политичко одолговлекување е дозвола на Русија да ги одземе животите на Украинците и така тоа го толкува Руската Федерација.

„Постојаното гранатирање на Харков продолжува. Ова не е ништо друго освен намерен терор врз цивилите. Окупаторите се обидуваат да ги раздвојат регионите Керсон и Запорожје по моделот на таканаречените ДПР и ЛПР.

Наведе и дека за тоа е потребна поголема брзина во подготовката на нов моќен пакет санкции.

„Одговорот треба да биде целосно покривање на санкциите од страна на рускиот банкарски систем. Потребата за ембарго на испораките на нафта од Русија расте секој ден“, заклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На почеток