Свет

„Ќе нишаниме кон срцето ако направите и најмал потег“, вели Раиси

Иранските вооружени сили ќе го таргетираат срцето на Израел доколку тој го направи „најмалиот потег“ против Исламската Република, изјави претседателот Ебрахим Раиси на воената парада.

„Ако го направите најмалиот потег против нашата земја… дестинацијата на нашите вооружени сили ќе биде срцето на ционистичкиот режим“, рече Раиси во говорот емитуван на иранската државна телевизија.

Израел, кој Исламската Република одбива да го признае, не сака да го прифати нуклеарниот Иран, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година.

Речиси едногодишните преговори меѓу Техеран и Вашингтон беа прекинати минатиот месец.

Израел тврди дека не сака да биде „обврзан“ со никаков договор и предупредува дека, на крајот, би можел да преземе еднострана акција против иранските нуклеарни локации.

На почеток