Советот на Ѓорче Петров изгласа ребаланс на буџетот, имало кочење, но обезбедени се пари за важни проекти
На денешната седница на советот на Ѓорче Петров се донесе ребалансот на буџетот.
„Суштината на ребалансот е покривање на најголем дел на трошоците за електрична енергија кои произлегуваат од енергетската криза во земјата, за која што немаат општините никакво олеснување од владата.
Се работи за обезбедување дополнителни средства за следните намени:
13,8 милиони денари дополнителни средства за електрична енергија
1,5 милиони денари дополнителни средства за решавање на проблемот со водоснабдување во Кучково
2 милиони денари средства наменети за кофинансирање на проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во Кучково во центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер проект од национално и регионално значење
6 милиони денари за градежно занаетчиски работи за новата општинска зграда сп која услугите на општината во интерес на граѓаните би биле конечно достапни на едно место
900 илјади денари за изградба на канализациона мрежа на ул. Радушка
1 милион денари за изградба на водоводна мрежа на рурално подрачје
1,5 милиони денари за изградба на канализација во рурално подрачје
И покрај тешката ситуација, и кочењето на донесување на ребалансот од страна на советничките групи на СДСМ и Левица, иако се работи за проекти од интерес на граѓаните благодарение на домаќинското работење на градоначалникот, а со поддршка од мнозинството на советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изнајдовме начин за издвојување на дополнителни средства за реализација на овие значајни проекти.
Овој ребаланс покажува дека единствената наша заложба е исполнување на нашата програма и реализација на сите проекти за модерно и урбано Ѓорче Петро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.