Владата на Бајден би можела да се жали на одлуката за укинувањето на задолжителното носење маски
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе поднесе жалба на судската одлука за укинување на задолжителното носење маски во авионите, доколку службениците во јавното здравство сметаат дека е неопходно да се спречи ширењето на Ковид-19.
Центрите за контрола и превенција на болести, чии совети ги поддржува администрацијата, соопштија дека ќе продолжат да проценуваат дали носењето маски сè уште е неопходно. Обврската се однесува на авионите, возовите и другиот јавен превоз, а пред судската одлука донесена во понеделник, обврската требаше да важи до 3 мај.
„Ќе продолжиме да ја проценуваме потребата од задолжително носење маски во јавниот превоз, врз основа на неколку фактори, вклучително нивоата на ковид-19 во заедниците, ризикот од циркулација и новите варијанти и трендовите во случаите и сериозноста на болеста“, портпаролот на ЦДЦ.
Министерството за правда соопшти дека ќе се жали на одлуката на американската окружна судијка Кетрин Кимбал Мизел во понеделникот дека одредбата стара 14 месеци е незаконска доколку ЦДЦ утврди дека обврската за носење маски е неопходна за заштита на јавното здравје.