Некатегоризирани

Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата, веднаш по изборите, вели опозицијата

„Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата, веднаш по изборите. Времето за оставки ќе дојде кога СДСМ ќе ги загуби катастрофално предвремените парламентарни избори, кои бараме да се случат што побргу“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„А по таквите оставки ќе следува одговорност. Одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија.

Одговори и одговорност ќе има и за кого крадеше Мухамед Зекири. Каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев. Одговорност ќе има и за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.

Одговорност ќе има и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.

Оставки ќе има, но ќе има и одговорност за највисоките лица од СДСМ“.

To Top