Свет

Засилени напади на руската авијација: погодени воени објекти, уништени тенкови, оклопни возила

Авијацијата на руските воздушно-космички сили погоди 73 воени објекти во Украина, вклучувајќи 57 позиции на украинската армија и четири складишта за муниција.

Ова денеска го соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„Оперативно-тактичката авијација на руските воздушно-космички сили во текот на ноќта погоди 73 воени објекти во Украина“, рече Конашенков.

Тој посочи дека четири командни центри и 57 армиски позиции се меѓу погодените објекти. Во таа прилика беа уништени седум тенкови, девет оклопни возила и батерија од хаубици „Мста-Б“ од 152 мм.

Дополнително, до 40 украински војници и 7 единици воена опрема се уништени во нападот со високопрецизни ракети во областа Нововорцовка и Кисљевка, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Генералот истакна и дека противвоздушната одбрана соборила два тактички проектили „Point-U“.

На почеток