Тројца повредени во земјотресот во БиХ, еден град е без струја
Од
Објавено на
Силен земјотрес вечерва ја погоди БиХ. Се почувствува низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево излегоа на улиците.
Како што јави Анадолија, според првите информации, во Столац се повредени три лица. Во тој град има прекин на струја.
Од силината на земјотресот сè се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат во згради известуваат дека работите паѓале врз нив.
#BREAKING U Stocu (BiH) povrijeđene tri osobe u jakom zemljotresu
— ANADOLU AGENCY (BHS) (@aa_balkans) April 22, 2022