Свет

Земјотресот ја однесе првата жртва: Почина млада девојка од Столац, БиХ

Од Кантоналната болница др. Сафет Мујиќ за порталот „Аваза“ потврдиле дека починало девојчето Е.С.(1994) кое било донесено од Столац во тешка состојба. Ова е и градот кој е најмногу погоден од страшниот земјотрес.

И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, девојчето го загубило животот.

Нејзините родители биле полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Од Здравствениот дом во Столац за порталот рекоа дека имаат голем број граѓани со напад на паника.

На почеток