Првото бебе родено годинава на Клиниката за гинекологија е машко, дојде на свет една минута по полноќ. Бебето е прва рожба во семејството Алексовски, тешко е 3900 грама и долго 52 сантиметри.
-Бебето беше карлично поставено па породувањето беше изведено со царски рез. Изминатата ноќ имавме доста работа, но тимот на гинекологија успеа да се справи со предизвиците. Сите родилки и бебиња се добро“, изјави д-р Игор Самарџиски.
Мајката Ангела и бебето ги посетија министрите за здравство и труд и социјална политика, како и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Традиционално, бебето доби од градоначалникот Петре Шилегов штедна книшка и златник.
Од синоќа до сега на Клиниката за Гинекологија се родиле 7 бебиња.
Во изминатата 2018 година родени се вкупно 4630 бебиња.