Актуелно

„Не се враќам, дури и да ми го одблокираат профилот“, вели Трамп

Доналд Трамп се огласи откако беше објавено дека Илон Маск го купил Твитер.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да се врати на Твитер дури и ако неговиот профил биде одблокиран откако милијардерот Илон Маск ја купи таа социјална мрежа.

Трамп изјави за Фокс њуз дека ќе се приклучи на неговата платформа во текот на следната недела, како што беше планирано.

„Не одам на Твитер, ќе останам на „Truth“. Се надевам дека Илон ќе го купи Твитер бидејќи сака да го подобри и тој е добар човек, но јас останувам на „Truth“, објасни Трамп.

Платформата за социјални медиуми на Trump Media & Technology Group, TRUTH Social, беше официјално лансирана минатиот месец и работи веќе четири дена како дел од сосема нова услуга заклауд. Трамп верува дека неговата платформа е многу подобра од Твитер.

„Прифаќаме милиони луѓе и откриваме дека „Truth“ е многу подобар отколку на Твитер. Твитер има ботови и лажни сметки, а ние правиме се што можеме. Заклучокот е, не, не се враќам на Твитер“, рече поранешниот американски претседател Трамп кој беше трајно суспендиран од Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Снепчет по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.

 

На почеток