Актуелно

„Нашата победа е неизбежна, но не се знае кога ќе заврши војната“, вели Зеленски

Во своето ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека победата на Украина е неизбежна.

Но, дека е невозможно да се предвиди кога војната ќе заврши, додаде тој.

„Многу градови и заедници сè уште се под привремена контрола на руската војска“, рече Зеленски, додавајќи:

„Но, не се сомневам дека е само прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја.

Зеленски претходно во своето обраќање укажа на фактот дека инвазијата, која започна на 24 февруари, штотуку ја преминала тримесечната граница.

Тој рече дека нема едноставен одговор на прашањето кога Украинците ќе ги победат Русите и додаде дека победата и мирот ќе дојдат побрзо доколку секој Украинец се бори.

Кога ќе победиме сите ќе го почувствуваат тоа. Кога ќе дојде мир сите ќе го видат. Но за да се случи тоа и побрзо треба да не размислуваме кога и што ќе се случи. Мораме секој ден да размислуваме како остануваат окупаторите на нашата земја, ја прават уште понеподнослива“, нагласи Зеленски и заклучи:

„За да може Русија да бара мир, секој Украинец мора да се бори. Тој мора да ја брани слободата. Затоа што секој ден на борба сега додава години мирен живот по оваа војна. По нашата победа“.

На почеток