Свет

Украинскиот министер по интервјуто на Лавров: Русија чувствува пораз

Испораките на западно оружје во Украина значат дека НАТО е „всушност вклучен во војната со Русија“, а Москва го смета тоа оружје за легитимни цели, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју емитувано во понеделникот.

„Ова оружје ќе биде легитимна цел на руската воена акција во контекст на специјална операција“, изјави Лавров за државната телевизија во интервју објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба рече дека ширењето страв од Русија е знак на слабост. Русија ја загуби „последната надеж да го одвлече вниманието на светот од поддршката на Украина“, напиша Кулеба на Твитер по интервјуто на Лавров.

„Тоа само значи дека Москва очекува пораз.

За време на посетата на Киев во неделата, американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин ветија поголема воена помош за Украина. Стејт департментот во понеделникот, повикувајќи се на вонредната состојба, одобри потенцијална продажба на муниција во вредност од 165 милиони долари на Украина.

Пентагон соопшти дека пакетот може да вклучува артилериска муниција за хаубици, тенкови и фрлачи на гранати. Амбасадорот на Москва во Вашингтон им порача на САД да ги прекинат испораките, предупредувајќи дека западното оружје го поттикнува конфликтот.

На почеток