Свет

Подољак: Ако Украина падне утре, руските трупи ќе бидат пред портите на Кишињев

Михаил Подољак денеска ја обвини Русија дека се обидува да го дестабилизира самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија по серијата експлозии во таа област.

„Ако Украина падне утре, руските трупи ќе бидат пред портите на Кишињев. Добра вест: Украина дефинитивно ќе ја обезбеди стратешката безбедност на регионот. Но, ние мора да работиме заедно“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

To Top