Свет

„Историски избор во Унгарија, граѓаните избраа мир“, вели Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска во Суботица одржа прес-конференција со претседателот на Сојузот на војводинските Унгарци.

Сијарто рече дека на изборите во Унгарија на 3 април се одржале „историските избори“ и оти граѓаните на таа земја избрале мир и стабилност наместо војна.

„Унгарскиот народ многу јасно одлучи за мир наместо војната што се случува во нашето соседство“, рече Сијарто.

Тој изјави дека изборите во Унгарија не се однесуваат само на иднината на државата, туку и на граѓаните и затоа е важно сите припадници на унгарскиот народ да можат да гласаат на изборите.

„За нас, кои ги застапуваме националните интереси, тоа беше важно, за разлика од левицата, која не сакаше да им го даде тоа право на Унгарците надвор од границите на Унгарија“, рече Сијарто.

На изборите во Унгарија надвор од границите на својата земја гласале 318.000 граѓани, од кои над 69.000 гласови дошле писмено од Војводина, што е за две третини повеќе од претходните избори.

„Имаше историски избори во Унгарија со рекордни резултати. Ниту една коалиција или партија никогаш не добила толку гласови за време на демократскиот развој на Унгарија“, рече Сијарто.

Од следната недела во унгарскиот парламент ќе заседаваат 135 пратеници на Фидес, што, како што вели, е важно за сите Унгарци.

„Ова беше избор меѓу мир и стабилност и војна“, рече Сијарто.

На почеток