Свет

Нов удар за Унгарија

Унгарија е на страната на мирот, даваме поддршка за секоја мировна иницијатива за Украина, вели Орбан

Годишната стапка на инфлација во Унгарија благо се зголеми во мај од 3,7 отсто во април на 4 отсто, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија.

Според извештаите, цените на струјата, гасот и другите горива во Унгарија во мај паднале за 2,4 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од априлскиот годишен пад од 4,5 отсто.

Во мај цените на храната поскапеле за еден отсто на годишно ниво, а на услугите за 9,5 отсто, со исто темпо како и во април.

Наспроти тоа, алкохолните пијалоци и тутунот поскапеле за 3,5 отсто на годишно ниво, а облеката за 4,7 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од април.

Годишната базна стапка на инфлација во Унгарија благо паднала во мај од 4,1 отсто во април на 4 отсто, според КСХ.

На месечно ниво, цените во Унгарија паднаа за 0,1 отсто во однос на април.

На почеток