Свет

(Фото) Тотален хаос на небото: Авионот удрил во олујниот облак

Авион на Austrian Airlines (AUA) од Мајорка слета во Виена во неделата попладне, но авионот претрпе огромна материјална штета бидејќи наиде на невреме.

Како што пренесува RTL, инцидентот се случил над Хартберг во Австрија, кој е на околу 150 километри од Виена, на надморска височина од околу 6.000 метри. И покрај оштетувањата, Ербас А320 успеа безбедно да слета.

Како што можете да видите на фотографиите, од авионот останале само делови од „носот“.

За среќа, според германските медиуми, нема повредени.

Противпожарната бригада на аеродромот и спасувачките служби веднаш излегле на терен, но не морале да интервенираат.

„Мислам дека бевме на околу 20 минути од слетувањето кога удривме во олујниот облак и почнаа турбуленциите“, изјави патничката Емили Оукли. Според неа, патниците ги слушнале звуците на невремето.

На почеток