Свет

Тешка несреќа: 16 жртви, меѓу нив и деца

Ден по масакрот, полицијата во Прага нареди: Внимавајте на училиштата

Шеснаесет лица загинаа во хималајската област Кашмир кога комбе падна од планински пат во река, соопштија денеска пакистанската полиција и владини претставници.

Инцидентот се случил во неделата во долината Нилам, а меѓу загинатите има девет деца и четири жени, додека четири лица се повредени кога скокнале од комбето пред да падне во реката Нилам, се наведува во полициското соопштение, пренесува АП.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во Пакистан поради лошата патна инфраструктура и непочитување на сообраќајните закони, се вели во извештајот.

Минатиот месец 28 лица загинаа, а 20 беа повредени кога патнички автобус падна од автопат во провалија во југозападната провинција Балучистан.

На почеток