Свет

(ФОТО) Изгаснат пожарот во складиштето за муниција во близина на рускиот град Белгород

Пожарот во складиштето за муниција во близина на рускиот град Белгород е изгаснат.

„Пожарот кај селото Стараја Нелидовка е изгаснат“, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Нема нови информации за штети. Магацинот се наоѓа во близина на селото Стараја Нелидовка, десет километри од Белгород.

Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Луганск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеци.

Русија овој месец ја обвини Украина за напад на хеликоптери во складиште за гориво во Белгород и неколку села во покраината.

На почеток