Свет

Рускиот гас повторно оди во Полска

Испораките на руски гас за Полска сега се обновени откако беа прекинати рано утринава, покажуваат податоците на ЕУ, јавува Би-Би-Си.

Во средата, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија.

Полска вчера објави дека добиле порака од Русија дека од денеска ќе го прекинат снабдувањето со гас, откако Варшава одби да почне да плаќа за испораките во руски рубљи.

На почеток