Свет

(ВИДЕО) Џафери е во Украина, состојбата ја спореди со настаните во Косово и Сребреница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, придружуван од украинска делегација, предводена од претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, денеска ја посети Украина, поточно киевската област и местата каде што, според тврдењата на украинските власти, се пронајдени масовни гробници.

„Чест ми беше да ја прифатам поканата лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од инвазијата на Руската Федерација кон Украина“, изјави Џафери за медиумите за време на обиколката.

„Нам, од Западен Балкан, свежи ни се сеќавањата од вакви слики што ги гледавме пред не подолго од две децении. Свежи ни се настаните од Косово, Сребреница и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги ги гледаме овде. Нам, од Западен Балкан, свежи ни се сеќавањата од вакви слики што ги гледавме пред не подолго од две децении. Свежи ни се настаните од Косово, Сребреница и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги ги гледаме овде.

На почеток