Откриена уште една масовна гробница во близина на Киев, вели Зеленски
Уште една масовна гробница со 900 тела е откриена во регионот на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Би-би-си.
Во интервју за полските медиуми, Зеленски ги обвини руските војници дека отстрануваат траги и користат мобилни крематориуми за палење тела.
„Никој не знае колку луѓе загинале. Ќе има последици, ќе има истрага“, рече тој.
Украина претходно ги обвини руските војници дека убиле стотици цивили во Буча, Бородјанка и Ирпин недалеку од Киев, кои со недели се под руска окупација.
Москва ги отфрла обвинувањата.
Зеленски за полските медиуми изјави дека и покрај злосторствата, сепак е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.