Во бомбашки напад на џамија во Кабул загинаа 10 лица

Од
Објавено на

Во бомбашки напад по петочната молитва во џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа 10 лица.
Калид Задран, портпарол на полициската управа на привремената талибанска влада во Кабул, во соопштение рече дека бомбашкиот напад бил извршен врз џамија во областа Ках Сех Рахи Алаудин во Кабул, по молитвата во петокот.
Задар изјави дека во нападот животот го загубиле 10 лица, 30 се повредени, а безбедносните сили интензивно работат на фаќање на сторителот.
Припадниците на Талибанците ги затворија за сообраќај сите улици кои водат до џамијата. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
