Коментари

Ковачевски, Мицкоски, Мијалков, Боки 13 имаат исти желби и честитки: Здравје, спокој, харомнија, радост…

„Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам! На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, им упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам. Ви посакувам празничните денови на Рамазан Бајрам да ги поминете во радост и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!“, честиташе премиерот Димитар Ковачевски.

„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Нека празничните мигови ви поминат во добро здравје и спокој, а вашите домови нека бидат исполнети со радост и хармонија. Верата, солидарноста и човекољубието нека продолжат да ве водат во овие тешки времиња на предизвици, затоа што само така можат да се надминат заедничките проблеми кои сите ние заедно ги делиме и ги живееме. Животот и традицијата на разбирање, соживот и взаемна почит покажале дека сплотени сме ги постигнувале најголемите успеси за нашата татковина Македонија. Благосостојбата на секој еден човек, за секое едно семејство, за целата наша држава е нашата цел. Мораме да се обединиме околу принципите кои значат подобра иднина за сите и тоа ќе бара голема посветеност и работа. Доволно долго Македонија е заложник на криминалот и корупцијата на елитите поради која Македонија ја имаме се помалку, а народот ни живее се посиромашно. Тоа мора да го промениме и тоа ќе го направиме заради иднината на сите наши идни поколенија. Честит Рамазан Бајрам!“, напиша Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Честит Рамазан Бајрам ! На сите кои го прославуваат овој месец на пост им посакувам добро здравје, среќа и благосостојба во семејствата. Верувам дека денешниот празник, моите пријатели од исламска вероисповест го поминуваат во радост со своите најблиски и се надевам дека почитувањето, простувањето, разбирањето и сите други вредности кои ги подразбира Рамазан Бајрам ќе ви донесат поголеми успеси во животот на секое поле. За многу години празникот“, напиша Сашо Мијалков.

„Верата значи љубов, добра мисла и добри дела, во тоа име на сите припадници на муслиманската вероисповест им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Ви посакувам многу здравје, благосостојба, меѓусебно разбирање, соживот и успеси на секое поле. Секој празник нека биде мотив повеќе за сплотеност, правда и почит. За многу години празникот!“, напиша Бојан Јовановски-Боки 13.

На почеток