Свет

Турски авион, поради пожар, принудно слета во Загреб

Турски авион, поради пожар, окoлу 15 часот принудно слета во Загреб. Според хрватските медиуми, станува збор за авион што летал од Истанбул за Париз.

Загрепските пожарникари потврдиле дека излегле на терен со шест возила по пријавата дека има пожар во авионот. Според нив, нема повредени и сите патници се навреме евакуирани.

Според првичните информации, станува збор за авион од типот „боинг 737“ на турската компанија „Пегасус ерлајнс“.

„Добивме барање за итно слетување, авионот слета без проблеми на аеродромот и сега сè е во ред“, изјави портпаролката на аеродромот, Лидија Цапковиќ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток