Коментари

Апасиев: Гоце е Македонија, џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на денот кога се одбележува 119 години од смртта на Гоце Делчев напиша статус посветен на великанот. Тој во писанието додава: „Гоце е Македонија, Џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе, Левото крило на организацијата“.

„Левичарот и социјалист Гоце ДЕЛЧЕВ, неколку дена пред да биде убиен, бил во Солун, баш кога велешките Гемиџии ги прават солунските атентати. Понесен од атмосферата, вака им се фалел на другарите од Организацијата:
„Јунаци, во Солун ги разигравме анамите со широките шалвари. Од ‘Империал Отоман Банката’ не остана ни трага! Така ќе ја раздрусаме од темел и оваа гнила Турска империја“ *Преправен, се извлекува од солунските џандарски рации и се упатува кон неговата последна дестинација – селото Баница, Серско (Егејска Македонија), кое денес не постои. Таму загинува најхаризматичниот македонски војвода. Беше предаден од врховистите! Немаше ни 32 години. Слава му“, напиша Апасиев.

To Top