„Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма, Вучиќ смирува дека има храна, ние корења ќе јадеме“, вели Јоци
Јорданка Ивановска-Јоци, политиколог и новинар, ја искоментира актуелната политичка ситуација во земјава. Таа вели: „Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма“.
„Во неа има ликови кои немаат поим од економија и што е најстрашно – абер немаат дека сме влезени во спирала на ценовни шокови кои допрва ќе ескалираат! Прашање е и колку цената на струјата ќе се покачи до есен. За храната знаеме – дека цените нема да сопрат да се качуваат. Пола држава, претпоставувам, не ни прочитала за доаѓањето на ММФ, а другата половина веќе заборавила дека парното едвај го истуркаа да работи уште месец дена до април.
Следната сезона еве не знам што ќе прават. Ќе ви речат да се греете со јамболии. Вучиќ денеска предупреди дека поради енергетската и индустриската криза, како и инфлацијата, нè чека тешка зима каква немало во последни 50 години. (обраќајќи се на Србите). Секако, како што е и насловот, ги смирил дека храна ќе имаат. Ние ќе јадеме корења, претпоставувам“, вели таа.
„На нас нема кој да ни се обрати! Ние имаме лик викан Таќе, чиј центар за комуникации, нè убедува дека сме блескале на секој можен план⁉️ Вучиќ меѓудругото ги информирал граѓаните дека една Германија веќе се подготвува за страшната зима! Нашиот народ, од друга страна, ги спрема пераите и уплаќа аранжани и ќе спиќка околу 2000 јура во грчки-мрчки, пошто пола народ стварно верува дека власта знае што прави. Сите уште си прават смешки од зејтинот…оној од Србија увезен. Ќе видам во октомври колку ќе им биде смешно.