„енерациите пред нас следејќи го твојот пат создадоа држава, а сега наш е редот да продолжиме“, активсти на Левица на коленици пред гробот на Гоце
По тридневен марш на великанот Гоце Делчев и изодени 152 километр за 35 часа, активисти на политичката партија Левица се поклонија пред неговиот гроб. Сашко Јанчев, активист на партијата, посочи: „За разлика од лани годинава не бев сам. Сега имаше три чети. Една гевгелиско-велешка, една битолска и една скопска. Се тргна од два правци, од Гевгелија и од Битола. Скопската чета се придружи пред Скопје“.
„А имаше и пречек од еден куп другарки и другари. Здравје наредна година помасовно и од повеќе правци од Македонија. Учителе, Пред тебе во Македонија населението беше делено на различни табори задоени со меѓуплеменска омраза од завојувачките пропаганди на балканските државички. По тебе имаше духовно издигнување. По тебе има МАКЕДОНСКИ НАРОД кој сака СВОЈА САМОУПРАВНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА која ќе ги помири балканските државички, која ќе биде лепак за нивно сојузување и која ќе направи од нив поле за културен натпревар, а не шаховска табла на Големите сили. Генерациите пред нас следејќи го твојот пат создадоа држава, а сега наш е редот да продолжиме. Вечна ти слава Учителе! Ти благодариме за патот на кој не изведе!“, додаде Јанчев.