Македонија

Пендаровски: Споменикот на УЧК во Слупчане е дивградба

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека споменикот на УЧК во липковското село Слупчане е дивоградба.

„Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран“, рече Пендаровски.

Тој вели дека комисија на претходната влада составена од експерти и урбанисти, утврдила дека повеќе од 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

На почеток