Македонија

„Односите со Бугарија се влошија откако имав средба со ОМО Илинден“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека нарушувањето во односите со Бугарија почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин.

Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна се врати на стариот вокабулар.

„Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца“, вели Пендаровски.

На почеток