Мицкоски: Нема да се случат преговори, овој народ многу направил за Европа, ред е таа да се обедини за овој нас


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека единственото што може да се случи е прва меѓувладина конференција, доколку се следат позициите на Софија. Според него: „Нема да се случат преговорите, ако не се исполнат сите услови од преговарачката рамка, а таму ќе бидат и барањата на Бугарија“.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во Уставот бидејќи немаме гаранција дека ние нема да имаме вакви хегимониски барања од страна на источниот сосед. Османи манипулира. Едно е јасно, ако зависи, него и Петков, преговори нема да има. Туку ќе има невладина конференција, односно сликање за пред јавноста“, рече Мицкоски.
„Ги охрабрувам Како што се обединети за кршењето на меѓународното право на Украина, да се обединат и за кршењето на меѓународното право на Македонија. Жално и тажно е што во 21 век зборуваме за вакви теми. Овој народ многу направил за таа Европа.. Овој народ очекува Европа да се обедини за овој народ и да почнеме преговори во јуни“, кажа Мицкоски.
