Свет

Шефот на ЦИА открива дали Русија подготвува нуклеарен напад

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) изјави дека засега „нема докази дека Русите планираат да распоредат или употребат тактичко нуклеарно оружје во Украина“.

По инвазијата на Украина, која започна на 24 февруари, Русија објави дека го ставила својот нуклеарен арсенал во состојба на висока готовност, пишува Би-Би-Си.

„Со оглед на тоа каков вид на оружје зборуваат, се разбира дека нема да ја прифатиме лесно оваа можност. Ние внимателно ќе ја следиме ситуацијата, особено во време кога влоговите за Русија се многу високи“, рече Вилијам Барнс на конференцијата организирана од Фајненшл Тајмс.

На почеток