Свет

„ЕУ не може да одложува одлуки, Северна Македонија промени име и не почна преговори“, реагира Брнабиќ

ЕУ не може постојано да одложува некои одлуки, изјави денеска во Фиренца српската премиерка Ана Брнабиќ на собирот посветен на состојбите во Унијата додавајќи дека тоа е случај за целиот регион на Западен Балкан, пренесе „Телеграф“.

Брнабиќ порача дека не треба да се занемари Западен Балкан и ЕУ да му ја отвори вратата на некој друг, без разлика на политичката ситуација, бидејќи, како што рече, тоа би било голема грешка и не би било фер.

„Не можам да замислам некој да стане членка на ЕУ пред Западен Балкан “, рече Брнабиќ.

Таа ја наведе Северна Македонија како пример дека и покрај тоа што го смени името, сѐ уште не ги почна преговорите за влез во ЕУ.

Брнабиќ нагласи дека членството во ЕУ е секогаш политичка одлука за која не е пресуден степенот на спроведени реформи додавајќи дека одлуките за членство на Бугарија, Романија и на Хрватска биле политички.

Таа го истакна и значењето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ на Србија, Албанија и на Северна Македонија нагласувајќи дека е отворена поканата за приклучување и на другите од регионот, пишува „Телеграф“.

На почеток