Актуелно

Рама бара да се заборави „хаосот од минатото“: Соседите не можат да се бираат

Премиерот на Албанија, Еди Рама, порача дека соседите не можат да се бираат дека Србите, Хрватите и Црногорците нема да одат никаде и дека сите мора да пораснат и да заборават на хаосот од минатото, пренесува „Репортери“.

Говорејќи на 18-та конференција на Јадранско-јонската иницијатива, Рама посочи дека не треба да се заборави колку другите го користеле грбот на нашите земји и неволјите што самите сме ги направиле, алудирајќи на балканските земји.

„Тука сме да останеме, Србите нема да одат никаде, како и Хрватите и Црногорците. Мораме да го средиме тоа и да го заборавиме целиот хаос што си го приредивме едни на други. Да не заборавиме колкава загуба е да се инвестира во омраза. Имаме уште долг пат да одиме, но денес сме подобро место во споредба со она каде што бевме“, изјави Рама.

Тој посочи дека украинскиот конфликт е исклучителна лекција и ги повика сите во регионот да продолжат по патот на мирот и да не паѓаат во замките на минатото.

На почеток